Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон пред мечот со Тотенхем вели дека не посветува многу внимание на медиумите и вестите кои се пишуваат за него. Шпанецот смета дека сите убави работи кои се пишуваат или зборуваат за него може да веднаш да бидат заборавени, доколку неговата игра не е секогаш на високо ниво.
„Не ги следам вестите и не читам весници каде ме споменуваат мене. Јасна ми е политиката на медиумите. Ако играш добро, даваш голови, правиш асистенции сите те фалат, но ако направиш пет неточни додавања на следниот меч се што си направил претходно се заборава. Веднаш си на мета на медиумите, тврдат дека не си доволен за тимот“, вели Иско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА