Иско и дефинитивно заминува од Реал, Шпанецот пред трансфер во Премиер-лигата

Фудбалерот на Реал Мадрид и некогашен шпански репрезентативец, Иско, е трансферна цел на англискиот фудбалски состав Евертон. Играчот од средниот ред веќе некое време не добива минутажа кај Kарло Анчелоти, па незадоволството е големо.

Иско за Реал Мадрид се појави како стартер на само два меча во Ла Лига, а медиумите во континуитет го „носат“ пред излезната врата на „Сантијаго Бернабе“. Според „Мундо Депортиво“, тимот од Англија среиозно ја разгледува опцијата за трансфер на Шпанецот.

За потсетување, пред две години „карамелите“ го ангажираа Хамес Родригез од Реал Мадрид, но, Колумбиецот не успеа да се задржи подолго од една сезона на „Гудисон парк“.

Се вчитува...