Италијанскиот калчолигаш Милан се очекува набрзо да добие свежа финансиска инјекција од Кина, а новите сопственици од Далечниот Исток планираат и неколку нови засилувања за тимот во летниот преоден рок. Според шпанскиот весник „Ас“, Милан ги ‘пикирал’ двајцата фудбалери на Реал Мадрид, Иско Аларкон и Алваро Мората.
Клубот од „Сан Сиро“ ќе има околу 150 милиони евра за реновирање на составот во летниот преоден рок, а раководството како важни алки за новиот тим ги планира токму Иско и Мората. Двајцата фудбалери на „кралевите“ оваа сезона почесто се на клупата за резерви отколку на теренот, а Милан сака да ја искористи оваа ситуација и да ги доведе во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА