Иско и Реал Бетис остануваат заедно до 2027 година

Искусниот шпански фудбалер Иско ќе го продолжи договорот со Реал Бетис до 2027 година, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. 31-годишникот имаше договор со шпанскиот прволигаш до крајот на сезоната, но добрите настапи му носат повеќе годишна соработка.

Иско оваа година настапи на 23 натпревари за клубот од Севилја на кои постигна три гола и забележа четири асистенции.

 

Се вчитува...