Иско е подготвен да ги одбие сите понуди до крајот на овој преоден рок и да ја покаже својата лојалност кон Реал Мадрид, но шпанскиот ас за возврат од Флорентино Перез побарал само едно ветување – дека Сантијаго Солари на крајот од сезонава ќе биде отпуштен од тренерската функција на најтрофејниот европски клуб. Добро познато е дека Солари и Иско се во војна од самото доаѓање на аргентинскиот стратег на „Сантијаго Бернабеу“.
Плејмејкерот речиси и да не добива шанса да ги покаже своите квалитети, тој не бил стартер на ниту еден меч во Примера или во ЛШ под водство на Солари, што беше доволна причина за Јувентус, Манчестер сити и ПСЖ да испратат понуди за неговите услуги.
Иско веќе имал средба со Флорентино Перез и изразил желба да остане во Мадрид, но само доколку Солари не остане на клупата по завршувањето на сезонава. Претседателот на Реал не му дал конкретен одговор, па јасно е дека се ќе завии од резултатите на тимот до крајот на сезонава, доколку Солари освои најмалку еден трофеј од „Примера“ или од ЛШ може да се надева на останување, во спротивно Аргентинецот ќе „лета“, а Иско ќе остане во Мадрид.
Доколку се случи Шпанецот да биде тој ќе што мора да ги пакува куферите, тогаш главен фаворит е Манчестер сити, со оглед на огромната желба на Пеп Гвардиола токму Иско да биде долгорочен наследник на Давид Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА