Играчот за врска на „кралскиот клуб“, Иско, е подготвен да потпише нов договор со европскиот првак Реал Мадрид. Тој блескаше синоќа на „Телеком Арена“ во Скопје, на мечот од Суперкупот на Европа против Манчестер јунајтед, беше стрелец на вториот гол за својот тим и сосема заслужено го доби и признанието за најдобар играч ан мечот.
По ова, речиси е сигурно дека ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. Преговорите со раководството на клубот траеја подолг период, но тој најави дека речиси се е подготвено за неговиот нов потпис.
„Многу сме блиску до нов договор и се надевам дека набрзо се ќе биде готово. Нема дилеми дека мојата иднина ја гледам во Реал Мадрид. Мислам дека заедно ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Иско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА