Иско: Требаше порано да си одам од Реал Мадрид

Играчот од средниот ред на Бетис, Иско призна дека погрешил во одлуката дури сега да го напушти тимот на Реал Мадрид и да замине од таборот на „кралевите“, и дека тоа требало да го стори порано.

Тој мина девет години во белиот дрес на Реал, но летото се реши да си замине откако не добиваше соодветна минутажа, и го избра тимот на Бетис каде што игра одлично на почетокот на сезоната.

„Не можам да кажам дека Реал се однесуваше неправедно кон мене, но сакав повеќе да играм, и јас им го кажав тоа. Фудбалот е комплициран, така што не можеше да се прилагодиш на секоја ситуација. Се надевам дека ќе добијам пречек од навивачите на Реал, таму ја минав спортската кариера. Секогаш се трудев да дадам се од себе. Можеби требаше да заминам порано, особено по ситуацијата минатата година. Но, учиме од се“, рече Иско.

Се вчитува...