Иско заминува од Реал, познато е каде ќе ја продолжи својата кариера

Иско Аларкон ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Се чини дека во Мадрид им е доста од Иско, кој е далеку од неговата поранешна форма, па веќе се решени да го пуштат на лето. 28-годишниот шпански играч за врска ја има избрано Севиља за своја следна дестинација.

Овој клуб со години е на врвот на шпанскиот фудбал, Севиља е редовен учесник во европските натпреварувања и секако одличен избор за репрезентативецот на Шпанија. Формата на Иско оваа сезона е очајна. Досега, Во Реал Мадрид зад неговото име нема запишано ниту асистенции, ниту голови.

Последниот лигашки натпревар кој од првата минута го започна Иско беше пред три месеци против Валенсија, а против Хетафе пред неколку дена доби 13 минути.

Се вчитува...