Рафаел Варан, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед во крајно незгоден момент се здоби со повреда на натпреварот со Челси во рамки на дуелот од Премиер лигата и во солзи го напушти теренот на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, постои искра надеж за фановите на Франција, лекарите излегоа со првични информации дека Варан би можел да му се стави на располагање на Дешамп за Мундијалот во Франција.
Наводно, Варан ќе биде во трка со времето. Шанси за негов настап на Светското првенство сè уште постојат, но колку ќе биде подготвен и во која форма би патувал за Катар, тоа ќе биде голема непознаница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА