40-годишниот Лука Модриќ, одигра уште една одлична партија во победата на Милан над Наполи од 2:1. Хрватскиот капитен ги одигра сите 90 минути во тежок натпревар во кој Милан имаше еден играч помалку од 57-та минута, но успеа да ја зачува предноста и да оствари победа со која го зазеде првото место во Серија А.
Модриќ повторно заработи бројни пофалби со својата игра, при што италијанските медиуми и тренерот Масимилијано Алегри го фалат, а неговите соиграчи му се восхитуваат. Адриен Рабио, соиграч на Модриќ во средниот ред, призна по натпреварот дека не разбира како Модриќ сè уште може да трча толку многу.
„Лесно е да се игра со Лука, затоа што знае како да го контролира темпото, иако искрено не ми јасно, како може со 40 години толку многу да трча. Сака да игра фудбал, ужива да биде на терен, сака да се брани, да напаѓа, се сака. Овој тим има многу квалитет и не е проблем да се браниме. Не беше лесно со 10 играчи, но покажавме за што сме способни“, изјави Рабио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

