Хрватска и Словенија играат неизвесен натпревар во последната рунда од главната фаза на Светското првенство на кое Хрватите се заеднички домаќини со Данска и Норвешка. „Коцкестите“ мора да победат за да се пласираат во четвртфиналето, додека на Словенците ништо не им значи овој меч, но играат за честа.
Сепак како што секогаш бива на дуелите на Балканските држави имаше и тензија. Според медиумите кои се во Загреб се започнало кога Срна го потчукнал Зарабец, по што дошло до тепачка меѓу играчите на двата тима.
Во тепачката учествувал и Дувњак кој упатил низа непријатни пцовки кон словенечките ракометари, пред се Јанц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

