Искусниот Ален Јашароски ново засилување за Шкендија Арачиново

Шкендија Арачиново го промоираше искусниот 34-годишен Ален Јашароски за нов играч на клубот. Јашароски по едногодишна пауза му се враќа на фудбалот, и ќе игра за тимот кој има амбиции да се пласира во прволигашката конкуренција.

Последен клуб му беше Силекс, каде настапуваше до јануари минатата година. Станува збор за играч кој има огромно искуство во македонскиот шампионат, откако настапуваше за неколку клубови.

Покрај Силекс, играше и за Работнички, Скопје, Ренова, Македонија ЃП, Шкупи, Еуромилк, Хоризонт Турново и Металург.

Се вчитува...