Искусниот Дејан Цветаноски си замина од Вардар

Искусниот напаѓач Дејан Цветаноски, не е повеќе дел од Вардар. 33-годишниот фудбалер од нападот се раздели со „црвено-црните“, и оваа зима ќе си бара нова средина.

Цветаноски, кој може да игра на сите позиции во нападот, дојде во Вардар од Силекс пред точно една година. Оваа сеозна за Вардар одигра 17 натпревари, и запиша три асистенции.

Цветаноски има огромно искуство со настапите во Првата лига. Покрај Вардар, тој играше и за Силекс, Струга ТЛ, Ренова, Победа, Пелистер, Хоризонт Турново, Тетекс и Напредок.

Се вчитува...