Германскиот репрезентативец Јоханес Тиман по шест години поминати во Алба Берлин каде се наметна како еден од најдобрите кошаркари на својата позиција заминува од главниот град на Германија. И покрај тоа што очекувањата беа дека ќе остане во Европа, тој се одлучи за изненадувачка дестинација и кариерата ќе ја продолжи во Јапонија.
Сега 30-годишникот кој со Алба беше три пати шампион на Германија, а беше и МВП на финалето пред две сезони беше голема желба на повеќе евролигаши меѓу кои и белградските Партизан и Црвена Звезда, но ќе биде нов кошаркар на Гунма Крејн Тандерс.
Со јапонскиот тим Тиман ќе потпише повеќегодишен договор кој ќе го направи најплатениот странец во историјата на јапонската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА