Искусниот Месина има нова работа – ќе го тренира амбициозниот клуб

Неодамнешниот тренер на Армани Милан, Еторе Месина, би можел да се врати на оваа работа во догледно време, бидејќи неговото име се споменува во врска со идниот шеф на тренерскиот штаб на Рома, клуб кој фигурира како еден од учесниците во идниот проект НБА Европа.

Искусниот тренер често го фалеше овој проект кој треба да заживее во 2027 година, и очигледно ќе ја презеде една од главните улоги на ова натпреварување.

Не е тајна дека од САД со сите сили се обидуваат да ја вратат европската кошарка во „вечниот град“, па ова е шанса за Месина да го води овој клуб. Во моментов стручњакот е ангижиран како советник во Армани Милано, но би немал ништо против да се пресели во главниот град на Италија.

Да ве потсетиме дека конечниот список на учесници во НБА Европа сè уште не е познат, но актуелните клубови во Евролигата имаат рок до 15 јануари да одлучат дали ќе ги продолжат лиценците за уште една деценија или ќе се приклучат на новиот проект.

Се вчитува...