Искусниот репрезентативец Васе Михаилов потпиша за ОК Вардар

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Васе Михаилов е новото засилување на одбојкарскиот клуб Вардар. Актуелниот носител на двојната круна Џио Струмица останува без капитенот и без еден од главните играчи во тимот, кој одлучи да се обврзе на двегодишна соработка со вардарци.

Михаилов е второто засилување за Вардар во новата сезона, по српскиот интернационалец Лазар Мочиќ. Пред да се придружи на Вардарци, Михаилов ќе се посвети на репрезентацијата, односно премиерниот настап на Македонија на Европското првенство во септември.

Се вчитува...