Штип е подготвен за деби во елитното кошаркарско друштво откако овој клуб плати за вајлд-картата што се доделува од федерацијата и го зазеде суперлигашкото место што му припаѓаше на тимот на Чаир.
Штипјани доведоа неколку поранешни репрезентативци на Македонија како и квалитетни странски засилувања, капитенската лента остана кај Никола Караколев, кој очекува добри игри и резултати на својот тим во периодот што следи.
„Нашите амбииции оваа сезона се да се пласираме на врвот од табелата. Најголемото оружје ќе ни бидат искуството, публиката, навивачите и желбата за победа на секој натпревар, како што впрочем тоа беше и досега. Очекуваме секој натпревар да мине во една фер и коректна атмосфера, и да го направиме првенството преубаво за гледање“, истакна Караколев во пресрет на новата сезона.
Штипјани денеска ја стартуваат новата сезона, и тоа на домашен терен против составот на Тиквеш (18 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
