Ислам Махачев ја освои титулата во велтер категорија во УФЦ

Поранешниот шампион во лесна категорија во УФЦ  Ислам Махачев (28-1) ја освои и титулата во велтер категоријата со победата против Австралиецот Џек Дела Мадалена (18-3), на кого ова му беше прв пораз на поени во кариерата.

Тоа беше главниот настан на УФЦ 322 шоуто одржано во иконскиот „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, а главниот настан заврши со едногласна одлука по пет рунди во кои Дагестанецот доминираше над 29-годишникот од Перт.

Претходната борба заврши на ист начин, стануваше збор за одбрана на титулата на Валентина Шевченко (26-4-1), а 37-годишната борачка од Киргистан ја победи Кинезинката Вејли Жанг (26-4).

 

Се вчитува...