Исланд славеше на клучниот дуел со Словенија со резултат 39-31, за бодови со кои Исланѓаните си обезбедија билет за полуфиналето од ЕП 2026. Максимално користејќи го синоќешниот „кикс“ на Шведска, исландските ркакометари влегоа максимално мотивирани во денешниот меч, ги надиграа Словенците и го обезбедија едно од првите две места во групата, пред завршните дуели Унгарија – Хрватска и Шведска – Швајцарија.
Словенија целосно парираше во првото полувреме, Исланд сепак на одмор замина со 18-16, за посериозно да се одлепи во вториот дел и да си го трасира патот до убедливата победа.
Видарсон беше прв стрелец со осум погодоци, а по седум постигнаа Рикардсон и Магнусон. Словенија, која настапи без бројни првотимци на овој шампионат, во последниот меч беше предводена од Новак со девет гола од исто толку обиди,
Португалија ја доби пиринејската пресметка со селекцијата на Шпанија со 35-27, меч во кој Португалците неочекувано лесно доминираа и рутински стигнаа до победата. Португалците тргнаа моќно, по дваесетина минути веќе водеа со 11-5, на полувреме имаа предност од 16-12, позитива што рутински ја одржаа до самиот крај.
Кико Коста со седум гола беше прв стрелец, по шест постигнаа Ареја и Мартим Коста, додека најефикасни во шпанскиот состав беа Гури и Алеиш Гомеш со по шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

