Исланд ја забележа првата победа во втората групна фаза на Европското првенство откако славеше против Хрватска со 30-35 во натпревар во кој Хрватите беа подобриот противник во првите 30. минути, но немаа сили за триумф во продолжението со што ги загубија шансите за пласман во полуфиналето.
Хрватите беа подобриот противник на отварањето на натпреварот. Со добра игра во серии успеаја да стигнат и до предност од четири гола во два наврати, но следеше голем пад во играта кој го искористи Исланд да ја врати неизвесноста за 15-15. Сепак завршницата на првото полувреме им припадна на „коцкестите“ кои со нова серија ја вратија предноста на своја страна за предност од 18-16 по 30. минути игра.
Уште во воведот на второто полувреме Исланд ја врати неизвесноста, а по играта „гол за гол“, следеше серија од 6-0 на Исланѓаните со која поведоа 25-31 и ги решија дилемите за победник. Островјаните го одбија налетот на Хрватите и не дозволија балканската држава да се надева на победа.
Срна со осум голови беше прво име кај Хрватска, додека него го следеа Јелиниќ, Нациновиќ и Циндриќ со по седум голови. Елисон броеше до 11 за Исланд, а по седум голови постигнаа Палмарсон и Кристијансон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА