ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Германија ги прокнижи првите бодови во втората фазза од СП 2019, откако вечерва славеше на дуелот против Исланд со резултат 24-19. Домаќините имаа поддршка од над 20.000 фанови во „Ланксес арена“, младиот исландски состав не се снајде најдобро во пеколната атмосфера, па Германците на крајот заслужено се радуваа на победата. Најдобар поединец на натпреварот беше голманот Волф, кој со серија извонредни интервенции ги откажа исландските ракометари во обидите да се вратат во мечот во второто полувреме.
Натпреварот мина во тактичко надмудрување и пресврти, пред се во првото полувреме во кое Германија поведе со 5-2, но потоа Исланд имаше 5-6 и 6-7. Пресуден се покажа финишот од првиот дел кој мина во знакот на домаќините, кои на крајот заминаа на одмор со убедливи 14-10. Исландските ракометари во второто полувреме во неколку ситуации се приближија на два гола разлика, но немаа сили за целосен камбек и на крајот го загубија натпреварот со конечни .
Андреас Волф беше извонреден на голот и заедно со Фет, кој постигна шест погодоци беше најдобар поединец кај Германците, пет гола постигна Генсхајмер, додека прв стрелец на Исланд вечерва беше Гунарсон со шест постигнати погодоци.
Утре на програмата е второто коло од групата од втората рунда во Келн, во 18 часот Хрватска ќе се сретне со Бразил, а од 20.30 часот Исланд ќе се обиде да приреди изненадување против Франција.
Во групата што се игра во Хернинг во првото денешно коло немаше изненадувања, Шведска го прегази Тунис со 35-23, додека вториот ко-домаќин Данска рутински триумфираше против Унгарија со резултат 25-22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА