Ракометарите на Исланд ја завршија својата работа откако славеа против Аргентина со 30-21 во натпревар од последното коло од главната фаза на Светското првенство кое што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Исланѓаните уште во првото полувреме презедоа иницијатива и веќе на пауза имаа плус пет 15-10. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 30-21. Рикардсон со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Мартинез.
Португалија го обезбеди првото место во групата 3 откако очекувано славеше над Чиле со убедливи 46-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

