Исландскиот селектор Гудмундур Гудмундсон го објави скратениот список од 20 ракометари на кои ќе смета од почетокот на подготовките за СП 2019, во групата во Минхен во која еден од ривалите на Исланѓаните ќе биде и селекцијата на Македонија.
Изненадувачки делува одлуката на Гудмундсон од списокот да го изостави Бјарки Мар Елисон, левото крило што игра во одлична форма во Бундес-лигата како член на Фуксе Берлин.
„Ова дефинитивно ми беше една од најтешките одлуки откако сум селектор. На последните големи натпреварувања носев по три леви крила и мислам дека не бев во право, овојпат се решив за двајца играчи на оваа позиција. Конкуренцијата беше жестока, верувам дека го направив вистинскиот избор, долго разговарав со Елисон, кој спортски ја прифати мојата одлука“ – истакна Гудмундсон.
СОСТАВ ИСЛАНД
ГОЛМАНИ: Бјоргвин Пал Густавсон (Скјерн), Арон Едвардсон (Хамбург)
ЛЕВИ КРИЛА: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн-Некар Левен), Штефан Сигурмансон (Пик Сегед).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Атон Палмарсон (Барселона), Олафур Гудмундсон (Кристијанштад).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Елвар Јонсон (Селфос), Гисли Кристјансон (Кил), Јанус Смарасон (Алборг), Хаукур Прастарсон (Селфос).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Рунар Карасон (Есбјерг), Инги Магнусон (Алборг), Арнар Халфдансон (Сондерјиск).
ДЕСНИ КРИЛА: Арнор Гунарсон (Бергишер), Сигвалди Гудјонсон (Елверум).
ПИВОТИ: Арнар Арнарсон (Кристијанштад), Агуст Биргисон (ФХ), Орн Гисласон (Валур).
ДЕФАНЗИВЦИ: Олафур Густафсон (Колдинг), Даниел Ингасон (Хаукар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

