Исландски голман ќе ја чува мрежата на Барселона

Барселона конечно го реши голманското прашање за наредната сезона откако каталонскиот гигант по долга потрага го претстави новиот чувар на мрежата, кој ќе го замени легендарниот Перез де Варгас по неговата преселба во Кил. Изборот на управата на каталонците падна на Виктор Халгримсон, одличниот исландски голман кој доаѓа од редовите на Висла Плоцк.

Халгримсон денеска и официјално потпиша двогодишен договор со Барса, со што ќе му се приклучи на Данецот Емил Нилсен во голманскиот тандем на најтрофејниот европски ракометен колектив.

Исланѓанецот има одлична сезона, со 36% успешност е најдобар голман во полското првенство, додека во ЛШ имаше 28% успешни интервенции.

„Пресреќен сум што потпишувам за Барселона. Тоа е мојот сон од почетокот кога стартував да се занимавам со ракомет, секако дека сум возбуден што станувам дел од овој клуб“, изјави Халгримсон.

Се вчитува...