Исландски судии за Вардар во полуфиналето на Ф4, Шпанци за финале

Исланѓаните Јонас Елиасон и Антон Палсон ќе му судат на Вардар во полуфиналето против монпелје на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. ЕХФ денеска ги делегираше судиите за завршниот турнир во ЛШ на кој Вардар ќе ја брани шампионската титула покрај француската конкуренција – Монпелје, ПСЖ и Нант.

Судии на вториот полуфинален дуел меѓу ПСЖ и Нант ќе бидат Данците, Мартин Гединг и Мадс Хансен.

Мечот за титулата го доби шпанската судиска двојка Оскар Ралуј Лопез, Анхел Сабросо Рамирез, а судии во мечот за 3.место ќе бидат Словенците Бојан Лах, Давид Сок.

Ф4 турнирот од Лигата на шампионите ќе се одржи на 26 и 27 мај во „Ланксес Арена“ во Келн.

Се вчитува...