Денеска во седиштето на УЕФА се одржа ждрепката за 1. квалификациско коло во женската Лига на шампиони, на која македонскиот првак Љуботен, го доби својот ривал.
Станува збор за исландскиот тим Валур, кој ќе биде противник на нашите шампионки. Првиот меч се игра на гостински терен во Исланд, а реваншот во Македонија.
Победникот од овој дуел во следната рунда ќе се сретне со победникот од мечот Твенте – Кардиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА