Исланѓанец е Мистер Мундијал, Иранците победуваат во екипна конкуренција

„Не сум сигурна дали ова е Светско првенство или избор на Мистер Универзум“. Ова е еден од највпечатливите коментари на социјалните мрежи откако вниманието на светската јавност, особено на женската популација, покрај возбудливоста на фудбалот, го привлекоа и други атрибути на дел од учесниците на Мундијалот.

Прва ѕвезда на социјалните медиуми кои владеат со светот во новиот милениум и креираат популарност, но и влијание, а во последно време овозможуваат и одлична можност за заработка, е Иланѓанцот Рурик Гисласон. Тој собра дури 700.000 луѓе што го следат само откако светот го забележа на еден натпревар на Мундилот во ремито на неговата селекција со суперфаворитот, Аргентина.

Пред појавувањето на Светското првенство, Гисласон имаше „само“ 30.000 пријатели на Инстаграм. Сега бројката е 760.000 и расте, затоа што Рурик сфаќајќи што се случува е особено активен на Твитер.

„Што добивате со микс од Крис Хемсворт, Бред Пит и Чејнинг Тејтум ? Исланѓанецот Рурик Гисласон – ете тоа“ – вели „Би-БиСи“ во анализата на експресната попларност што ја доби овој играч која настапува во втората германска фудбалска конкуренција.

Гисласон сега има двојно повеќе фанови на Инстаграм од вкупната популација на неговата држава и многу повеќе од вкупната бројка поддржувачи што ја има националниот фудбалски тим на Исланд на Фејсбук, Твитер и на Инстаграм, заедно.

Гисласон не е единствениот на Светското првенство што привлекува вакво внимание. Селекторот на Мароко, Ерв Ренар е 49-годишен  Французин кој неверојатно личи на Николај Костер-Валду од мегапопуларната серија „Игра на троновите“. Фановите жалат што неговиот престој на Светското првенство завршува многу рано.

Ова се ликовите кои во моментов победуваат во поединечна конкуренција. Екипно битката засега ја добивa, верувале или не, селекцијата на Иран. Преубави фудбалери и згоден селектор. Фотографиите на иранскиот состав, на кои ниту едно влакно не е надвор од линија, го преплавуваат светот.

Иранскиот голман, Амир Абедзадех и напаѓачот Мехди Тареми изгледаат буквално како да дошле од модна писта – велат модните аналитичари.

 

Се вчитува...