Ракометарите на Исланд го одработија официјалниот тренинг во салата „Борис Трајковски“ пред утрешната квалификациска пресметка со Македонија за пласман на ЕП 2020.
Исланѓаните очигледно во желба да сокријат дел од „адутите“ за утрешниот мегдан одработија главно релаксирачки тренинг колку да се почувствува македонскиот храм. Јасно е дека желбата на Исланд е реванш за поразот во Рејкјавик, но дефинитивно околу тоа се прашуваат и избраниците на Данило Брестовац…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА









