Исланѓаните со нов голман против Македонија

Данскиот голман Стефан Нилсен кој во 2015 година доби исландски пасош, е новото име на голот на Исланд за претстојни два дуели со Македонија во квалификациите за ЕП 2018. Селекторот Геир Свеинсон го вклучи Ниласен во националниот тим како замена за Арон Едвардсон кој е повреден и неговиот настап е неизвесен. Исланд на голот го има и Бјоргвин Густавсон.

Нилсен (32) оваа сезона ја почна како позајмен играч на голот на францускиот Екс, но во јануари повторно се врати во исландскиот клуб ИБВ. За репрезентацијата на Исланд дебитираше во јануари минатата година.

Во однос на составот со кој што настапи Исланд на СП во Франција во јануари кога со Македонија одиграа нерешено (27-27) во групната фаза, ќе го нема и средниот бек Гудмундур Холмар Хелгасон. Но, како големо засилување во исландската репрезентација на оваа позиција се враќа Арон Палмарсон.

„Добро е што го имаме Арон повторно во тимот. Тој ја надмина повредата и игра во одлична форма во Веспрем. Неговото враќање ќе биде големо засилување за нашата репрезентација“ – истакна селекторот на Исланд, Геир Свеинсон.

islangani

За Исланѓаните се подготвуваат во Германија, а утре треба да допатуваат во Македонија. Исланд во четврток и гостува на Македонија во Скопје, а на 7 мај е вториот натпревар во Рејкјавик, од 3 и 4.коло во квалификациите за ЕП 2018.

 По првите две кола сите четири репрезентации во групата (Чешка, Македонија, Исланд и Украина) имаат по два бода. Пласман на ЕП 2018 во Хрватска обезбедуваат првите две селекции во групата.

Се вчитува...