Џон Иснер, кој беше дел двата најдолги меча на тенискиот грен-слем Вимблдон, ја поддржува одлуката за воведување тај-брејк во одредена фаза од петтиот решавачки сет, но смета дека новото правило треба да го носи неговото име.
„Кога ќе дојде моментот за тај-брејк, ќе треба да се вели, сега ќе играме по „Иснер-правилото“. Не мислам дека навистина ќе го направат тоа, но сметам дека јас навистина многу придонесов за оваа промена“ – вели Иснер.
Американецот го одигра најдолгиот меч во историјата на Вимблдон кога во 2010 година го победи Николас Маху со 70-68 во гемови, во последниот сет. Тој, пак, изминатово лето го одигра вториот најдолг меч. Петтиот сет меѓу него и Кевин Андерсон траеше речиси три часа.
Правилото за тај-брејк во петтиот сет на Вимблдон ќе почне да важи од следната година, а ќе се користи по 12-12 во решавачкиот сет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА