Исник Алими: Ако дадеме брз гол ќе биде многу полесно за нас да дојдеме до трите бода на Фарските острови

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата септемвриски натпревари на стартот од новата сезона во Лигата на нации.

Силен оптимизам владее во македонскиот табор со кој се согласува и фудбалерот од средниот ред на романски Сепси, Исник Алими.

„Одиме по три сигурни бода во Фарски Острови, иако знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Имаме добри играчи и треба да ја играме само нашата игра. Фарските острови се репрезентација која е фокусирана на одбрана, нема премногу простор во последната зона, но треба да играме брзо, да најдеме простор и ако постигнеме брз гол ќе биде полесно за нас” – вели Алими.

Се вчитува...