ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
По одличното свое европско лето во квалификациите од Лигата на Европа со романски Сепси, Исник Алими можеби неочекувано за многумина се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за септемврискиот квалификациски циклус.
Како што и самиот вели, неочекувано и за него лично, но со огромно задоволство го прифатил повикот затоа што долго време, по настапите за селекциите до 17 и до 19 година, потоа немал репрезентативен настап.
„Да бидам искрен и јас бев изненаден од повикот на селекторот Милевски, но со многу желба ја прифатив поканата и сега сум навистина пресреќен што сум одлично прифатен во соблекувалната. А денешниот меч е секако посебен за мене затоа што првпат стартував. Мора да го истакнам и дебито против Италија и оној одличен резултат против европскиот шампион“ – ни изјави Алими по мечот со Малтежаните.
А, што се однесува за вечерашниот дуел…
„Убаво е навистина чувството после една ваква победа. Можеби и ние самите не очекувавме дека ќе имаме предност од 0-2 веќе на полувремето, но максимално се подготвувавме за овој меч и тоа е токму резултат на тоа. Одевме на три бода и го исполнивме зацртаното“ – вели Алими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА