Македонскиот репрезентативец Исник Алими дебитираше за Далијан Јингбо на стартот од новата сезона во кинеската Суперлига.
Алими, кој оваа зима од романски Сепси се пресели во Кина, очекувано се најде во првиот тим на Далијан во ремито (1-1) на гостувањето против Жеџианг. Стрелец на единствениот гол за Далијан беше Бразилецот Фернандо Каранга.
Македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар во средниот ред за гостинската екипа, како трет најдобро оценет играч во својот тим од кинеските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА