Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Исник Алими е прогласен за играч на натпреварот во победата од 0-2 на Македонија на гостувањето против Ерменија во Лигата на нациите.
30-годишниот Алими одигра нов одличен меч во македонскиот дрес, овој пат асистирајќи за првиот гол на Бојан Миовски, а потоа одлично и самиот реализирајќи за конечни 0-2, што е негов втор гол во репрезентативниот дрес.
Фудбалерот на романски Сепси кој во минатото ги мина младите репрезентативни категории, а сега од Милевски пред една година беше активиран во сениорската селекција доби признание за играч на натпреварот од УЕФА, но и од европските фудбалски аналитички агенција кои ја издвоија партијата на Алими како број еден на теренот на „Вазген Саргсјан“ во Ереван.
Исник Алими доби убедливо највисока оценка за синоќешниот меч во двете селекции (8.8), а веднаш зад него единствен со оценка повисок е осум е македонскиот голман Столе Димитриевски (8.0). Највисоко оценет кај Ерменците беше Спертсјан со 7.8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА