Исник Алими се раздели со Сепси: И официјално во кинески Далијан Јингбо

Македонскиот репрезентативец Исник Алими и официјално се раздели со романски Сепси и својата кариера ја продолжува во кинескиот клуб Далијан Јингбо.

30-годишниот Алими, по одличната сезона во Сепси и во дресот на македонската репрезентација, доби одлична финансиска понуда од Кина која не можеше да се одбие, па на крај одлучи да се пресели на Далечниот Исток.

„Официјално објавуваме дека Исник Алими кариерата ја продолжува во екипата на Далијан Јингбо во Кина. Во оваа прилика му се заблагодаруваме на Исник за целокупниот негов учинок во дресот на Сепси и му посакуваме успех во понатамошната кариера“ – објави романски Сепси.

Се вчитува...