Испадна од Премиер-лигата со Фулам, се врати и потпиша за Вест Хем

Алфонсо Ареола минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во дресот на Фулам, но францускиот голман не успеа да го спаси лондонскиот премиерлигаш од испаѓање.

Неколку месеци по завршувањето на таа авантура, Ареола се враќа назад во Лондон, но овојпат во дресот на Вест Хем, откако денеска беше официјализирана неговата позајмица од ПСЖ во таборот на „чеканите“. Тимот на Дејвид Мојес ќе плати 2,5 милиони евра за позајмицата на Французинот, а следното лето ќе може целосно да го откупи неговиот договор за дополнителни 15 милиони евра.

Конкуренцијата на голманската позиција во ПСЖ стана уште пожестока со доаѓањето на Донарума, на Ареола му стана јасно дека нема шанса да добие минутажа во францускиот клуб, поради што ја прифати понудата за камбек во Премиер-лигата.

Се вчитува...