Вулверхемптон поради катастрофалниот старт на сезоната речиси сигурно ќе испадне од Премиер-лигата, но „волците“ заслужуваат само пофалби за покажаниот карактер и одличните игри на овој тим во последните два месеца.
Вулвс за првпат сезонава врзаа три меча без пораз откако по двете победи во низа вечерва успеаја да ремизираат на гостувањето против Брентфорд.
Успехот е уште поголем ако се знае дека домаќините рано поведоа со 2-0 преку Кајоде и Тијаго, Армстронг намали на 2-1 пред самиот крај на првото полувреме, а во вториот дел конечните 2-2 ги постави Арокодаре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

