Испиша историја во ЛШ: Никој никогаш како Роберт Левандовски

Лигата на Шампионите секогаш е специјална инспирација за Роберт Левандовски, кој со одличното издание против Борусија Дортмунд испиша нови страници во историјата на елитното европско натпреварување.

Имено, Левандовски стигна до бројката од 11 погодоци во ЛШ сезонава, со што стана прв играч во историјата што со три различни клубови имал двоцифрен број на голови во една сезона во Лигата на Шампионите. Тоа првпат му успеа како член на Борусија Дортмунд, потоа неколку пати го правеше и во дресот на Баерн Минхен, за сега да му појде од нога и како член на Барса.

Инаку, ова е осма сезона во неверојатната кариера на Полјакот во која тој постигна најмалку 40 погодоци на клупски план. Левандовски досега во кариерата има вкупно 710 гола на официјални натпревари во клупскиот и репрезентативниот фудбал.

Се вчитува...