Исплива фотографија од чекот поради кој Нејмар и заби „нож во грб“ на Барса

Медиумите успеаја да стигнат до чекот со кој Нејмар во 2017 година премина од редовите на Барселона во Пари Сен Жермен.

На 3. август 2017 година Барселона објави дека адвокатите на Нејмар уплатиле 222 милиони евра колку што изнесуваше клазулата во договорот, по што Бразилецот и официјално стана фудбалер на тимот од Париз.

Сега медиумите го објавија и чекот кој е испратен во Барселона, но може да се забележи дека уплаќач не е Пари Сен Жермен, туку Националната банка на Катар.

Се вчитува...