Минатата недела на Јувентус му беа одземени 15 бодови, по одлука на Судот поради финансиски малверзации. Клубот е казнет поради лажирања на финансиските извештаи, односно лажни прикажувања, како и поради малверзации со платите во текот на пандемијата. Старата дама со оваа казна падна на дури 10 место.
Меѓутоа бодовите веројатно нема да бидат единствена казна која ќе ја добие славниот италијански клуб. Казната може да се прошири и на играчите, кои наводно биле вмешани во аферата. Италијанските новинари објавија список на 23 фудбалери кои наводно се под итрага, а меѓу нив е и Кристијано Роналдо.
Новинарот Паоло Зилиани тврди дека на играчите кои се вмешани во аферата им се заканува суспензија од 30 дена, и покрај тоа што дел од нив не се повеќе дел од Јувентус.
Меѓу наведените играчи покрај Роналдо се уште и Миралем Пјаниќ, Пауло Дибала, Леонардо Бонучи, Адриен Рабио, Џорџо Кјелини, Џанлуиџи Буфон, Гонзало Игуаин, како и тренерот Маурицио Сари.
„Двајца играчи, Де Лихт и Де Шилјо на судиите им дале копии на конверзација на „WhatsApp“, каде што Џорџо Кјелини на сите им објаснува што се случува, и сугерира тоа да не се споменува на новинарите“, наводи Зилиани.
Tutti squalificati. Per almeno un mese. In questo campionato. Forse già a breve. E sì, lo so, non è una notizia di poco conto. I media italiani tremano al pensiero di darla, ma forse è il caso di non fare gli schizzinosi: almeno si evitano svenimenti come per il -15 (1. segue) pic.twitter.com/435Kn6HUS5
— Paolo Ziliani (@ZZiliani) January 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА