Поминаа речиси три месеци од кога Лука Дончиќ беше трејдуван во Лејкерс и покрај сите очекувања на јавноста. Прашината по одлуката на Ник Харисон се уште не е спуштена, а иако целата блокбастерска трговија се одвиваше под превезот на тајноста, малку по малку во медиумите се појавуваат нови детали за заминувањето на момчето кое минатата година го предводеше Далас до финалето на НБА.
Според последните информации на американските новинари, Лука Дончиќ, кој веќе бил во лоши односи со споменатиот генерален директор, непосредно пред трејдот имал несогласувања и со сопственикот на Далас, Патрик Думон. И тој смета дека токму оваа расправија го навела првиот човек на Мавс да го иницира заминувањето на словенечката суперѕвезда во Лос Анџелес.
Како што пишува „Хупс Журнал“, наводната дискусија меѓу Дончиќ и Думон се случила еден ден пред Нико Харисон да има разговор со генералниот директор на Лејкерс Роб Пелинка во Далас на 7. јануари.
Американските медиуми шпекулираат дека нешто се случило на средбата меѓу Лука и сопственикот на Далас, кој веќе негуваше некаков анимозитет кон Словенецот поради недисциплина. А, епилогот е она што се случи три недели подоцна… Дончиќ беше разменет, Харисон беше именуван како главен виновник, иако, можеби, само го слушаше својот газда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА