Исполнет и последниот услов: И девојката на Даглас Луиз потпишува за Јувентус

Јувентус во текот на наредната седмица ќе го официјализира трансферот на Даглас Луиз, откако беа договорени сите детали за бразилскиот ас да ја напушти Астон Вила и да се приклучи на најтрофејниот италијански клуб.

Бразилецот веќе ги договори личните детали од договорот, а викендов беше исполнет и последниот услов, откако Јувентус го договори и потписот на неговата девојка Алиша Леман. Станува збор за фудбалерка која настапуваше за женскиот тим на Астон Вила, а во ситуација кога Луиз се сели во Италија раководствата на Јувентус и на Астон Вила постигнаа договор за отштета за ангажман на оваа швајцарска репрезентативка.

Леман ќе потпише тригодишен договор со женскиот тим на Јувентус, додека во случајот на Луиз, Бразилецот ќе стави потпис на договор за наредните пет сезони со „старата дама“.

Како што е веќе договорено, Даглас Луиз се сели од Астон Вила во Јувентус за сума од 20 милиони евра плус Мекени и Илинг џуниор.

Се вчитува...