Наполи е блиску до ангажман на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми. Преговорите помеѓу Торино и актуелниот шампион на Италија се со завршна фаза и наскоро се очекува официјализирање на трансферот во вредност од 25 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ уште во месец јуни ги договори личните услови за премин на југот на Италија каде се очекува оваа сезона да конкурира за место во првиот тим, а веќе од следната и официјално да биде прв избор.
Српскиот репрезентативец е дел од Торино од 2017 година. По неколкуте сезони поминати на позајмица во Спал, Асколи и Стандард стана незаменлив дел до торинскиот состав и се наметна како еден од најдобрите на својата позиција во врвните европски фудбалски првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

