Исполнета желбата на Инзаги – Кореа доаѓа во Интер

Интер договори доаѓање на уште еден нов голгетер по Един Џеко, но тоа нема да биде Андреа Белоти како што беше најавувано претходно. Управата на „нероаѕурите“ успеа да ја исполни желбата на Симоне Инзаги и на „Џузепе Меаца“ да го доведе неговиот поранешен „пулен“ од Лацио, Жоакин Кореа.

Станува збор за играч кој одлично се снаоѓа како „полушпиц“ или крилен офанзивец и кој добро ги знае тактичките замисли на Инзаги. Според новиот стратег тој одлично би се надополнувал и со Лаутаро Мартинез и со Един Џеко, што беше главната причина Интер да избере Кореа пред Белоти.

Лацио се наоѓа во финансиска криза, па римскиот клуб кој до неодамна инсистираше на 40 милиони отштета најпрвин ја спушти сумата на 31 милион евра, а потоа даде зелено светло и за позајмица. Имено, во договорот на двата клуба стои дека Кореа се сели на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица, но Интер следното лето ќе мора да ја активира клаузулата за целосен откуп во вредност од 31 милион евра.

Се вчитува...