Неочекуваната смрт на поранешниот кошаркар на Црвена Звезда Мајкл Оџо пред еден месец ја шокираше јавноста во Европа. Нигерискиот центар почина откако по индивидуален тренинг на стадионот на Партизан доживеа срцев удар. 30-тина дена по трагедијата неговата девојка Светлана, вели дека ден пред несреќата тој воопшто не се чувствувал добро.
„Во последната недела пред смртта тој стануваше во шест часот. Од седум до осум трчаше во понеделник и вторник, а следните денови паузираше бидејќи врнешѓе. Убаво му рековв да почека да се смири, но не ме слушаше бидејќи сакаше да се подготви за новата сезона. Велеше дека минатата не бил на потребното ниво. Го видов во четврток кога се врати од тренинг. Ден пред смртта воопшто не му беше добро. Одвај успеа да се качи по скали и веднаш легна во кревет“, вели Светлана.
Оџо две сезони помина во Црвена Звезда, откако претходно една година го носеше дресот на ФМП. Тој во Србија стигна од редовите на американскиот колеџ тим на Флорида Универзитетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА