Исповед на хрватска одбојкарка – Го живеев мојот сон, а потоа од авион во карантин, ни братот не го видов

На врните спортисти во светот сезоните им се прекинати поради пандемијата од коронавирусот. Една од нив е и 24-годишната хрватска одбојкарка Луција Млинар која во интервју за индекс.хр вели дека сезонава и почнала како на сон, но се во само една ноќ се променило. Таа настапува за германскиот Дресден, но поради пандемијата се врати во Хрватска каде во моментов се наоѓа во самоизолација.

„Првпат доживеав такво нешто. Дресден е прекрасен град, се ми беше како во сон. Но, сега ни дадоа распуст, имав договор до крајот на сезоната и не знам што ќе се случи понатаму. По враќањето во Хрватска од авион веднаш преминав во самоизолација. Не ми паѓа воопшто тешко бидејќи се такви правилата, но не успеав по слетувањето да го видам ниту брат ми. Сега седам дома, гледам филмови, чистам, ќе издржам овие 14 дена“, вели Млинар. 

За разлика од Млинар и поголемиот дел на спортисти во светот кои се придржуваат до карантин, има и лоши примери, како што е фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ кој не ги почитуваше препораките за останување во карантин.

Се вчитува...