Испрати ли Салах порака за збогум од Ливерпул: „Сакам само да паметат дека им дадов се!“

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е се поблиску до заминување од Ливерпул ова лето. Договорот на актуелниот најдобар играч во Премиерлигата истекува на лето, исто како и оние на неговите соиграчи Вирџил ван Дијк и Трент Александер-Арнолд.

Салах претходно најави дека ќе го напушти клубот доколку наскоро не се постигне договор, а се чини дека дојде време за конечна одлука.

Така барем навестува неговата изјава, која, ако добро се протолкува, претставува порака за збогум до навивачите, која ја даде за ТНТ Спорт.

„Сакам навивачите секогаш да паметат дека им дадов сè. Му дадов сè на градот. Бев тука, не бев пасивен, само уживав во фудбалот и дадов се од себе. Мислам дека тоа е она што го има овој град. Тие ти даваат љубов и имаш нераскинлива врск со нив затоа што даваш се од себе. Сакам само да ме паметат дека сум тука осум години и давам се од себе“ – рече Салах во разговорот со Стив Мекманаман, поранешен играч на Ливерпул чиј рекорд на асистенција беше соборен од Салах оваа сезона.

А, кога го праша крилниот напаѓач каде точно ќе ја продолжи кариерата, Египќанецот одби да му даде одговор.

Тој оваа сезона веќе постигна 25 гола во Премиерлигата и има 16 асистенции во пресрет на денешниот натпревар против Њукасл.

Се вчитува...