Испуштена победа: Кадетите со реми против Србија завршија со настап на „Трофеј Карпати“

Кадетската репрезетација на Македонија ремизираше 28-28 против соодветната селекција на Србија, за крај на настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ што се одржуваше во Романија.

Нашите кадети во првото коло загубија од Полска, во второто триумфираа над домашната селекција на Романија, а останува да се жали што настапот на овој квалитетен турнир не беше заокружен и со триумф над Србија. Македонија имаше целосна контрола, на одмор водеше со 14-10, нашите ракометни надежи за момент имаа и „плус шест“, но противникот сепак успеа да се врати и да стигне до реми.

Србите дури и направија пресврт, поведувајќи со 27-28 на една минута до крајот, но Македонија успеа да реализира и овој интересен дуел заврши без победник.

Се вчитува...