ЛА Лејкерс загуби синоќа на свој паркет од Хјустон со 111-121. Лејкерси не успеаја да запишат нова победа пред своите навивачи, но и натаму се водечка екипа во Западната конференција.
Сепак, мечот го одбележа Леброн Џејмс кој имаше фантастично забивање. Џејмс свесно на навивачите им го подари истото забивање како и Коби Брајант 19 години пред него.
Истиот „Стејплс центар“, истиот кош, исто забивање за истиот клуб. Потегот на Леброн ги воодушеви навивачите на Лејкерс, но и американската јавност затоа што беше јасно дека сето тоа е во чест на трагично загинатиот Коби Брајант…
??❤️! ?? https://t.co/ivS1ZSYQJT
— LeBron James (@KingJames) February 8, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

