Португалскиот тренер Жозе Мурињо е промовиран за нов тренер на Фенербахче. Уште по пристигнувањето во Истанбул, илјадници фанови го пречекаа низ градот, а потоа во 19 часот по локално време беше неговата промоција на стадионот „Шукру Сарачоглу“.
Преполн стадион го дочека „Специјалниот“ на промоццијата, а тој искористи да направи селфи. Тој вети работи за да се врати шампионската титула на азискиот дел од Истанбул.
„Јас сум Жозе Мурињо, ова е мојот универзум, ајде да го почнеме нашето патување заедно“, гласаше пораката на „Специјалниот“ на промоцијата на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

